дома Здравје БИТОЛСКАТА КЛИНИКА ВО ХАОС: Општ хаос на детскиот оддел на хирушкото одделение...

БИТОЛСКАТА КЛИНИКА ВО ХАОС: Општ хаос на детскиот оддел на хирушкото одделение во Битола!

Според извори од Клиничката болница во Битола, настанат е општ хаос со смените и одговорностите на медицинските сестри на Детскиот оддел на Хируршкото одделение.

Имено, откако СДСМ го поставил новиот раководител на Хируршкото одделение, кој бил татко на истакнат партиски член од истоимената партија, децата на Детскиот оддел се занемарени и без редовна и соодветна нега од медицинскиот персонал.

Како што наведуваат изворите, на тој оддел со години работел тим на специјално обучени медицински сестри за потребите на децата после операција и будно следење на нивната состојбата.

Меѓутоа, новиот директор, по стапувањето на функцијата, по своја слободна волја ги прераспределил медицинските сестри по другите оддели, односно една сестра е одговорна за два оддели истовремено.

Персоналот и пациентите во Клиничката болница во Битола се жалат на директорското работење кое покажува елементарно непознавање на менаџмент со медицинскиот персонал.