дома Македонија БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Канцеларијата која минатата година беше демолирана, повторно свети!

БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Канцеларијата која минатата година беше демолирана, повторно свети!

Му благодариме на Претседателот кој очигледно не слуша. Ова е народна канцеларија, канцеларија за сите граѓани и треба да биде отворена.

Ова на денешниот протест во Скопје, пред народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов го истакна еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

Потсети дека пред една година кога во Скопје протестираа активистите на т.н. Шарена Револуција, канцеларијата беше искршена и ограбена.

-Оваа канцеларија која минатата година беше скршена, запалена, ограбувана и опустошена вечерва повторно свети, посочи Илиевски.