дома Македонија БЛОКИРАНА УЛИЦАТА КАЈ БИТПАЗАР: Дивите пазарџии се судрија со полицијата, на терен...

БЛОКИРАНА УЛИЦАТА КАЈ БИТПАЗАР: Дивите пазарџии се судрија со полицијата, на терен голем број на полициски припадници

Судир на полицијата со поголема група граѓани во моментов се случува во близина на Бит-пазар.

Според неофицијалните и се уште непотврдени информации, најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот и кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.

Околку пладнe на Бит пазар, според сведочења на очевидци, избил инциден кога полицијата се судрила со поголема група на граѓани. Како што јавија и дел од домашните медиуми, најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот, а кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.

Во моментов, улицата кај пазарот е целосно блокирана, а голем број на граѓани се излезени на коловозните ленти каде не може да мине ниту едно возило.

За сега нема официјални информации за инцидентот и блокадата, а подетални информации од МВР се очекуваат подоцна.

 

(Фото-Република)