дома Автомобилизам БМВ повлекува околу 1,6 милиони возила поради ризик од пожар

БМВ повлекува околу 1,6 милиони возила поради ризик од пожар

Германскиот производувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милиони дизел возила во Европа и Азија заради потенцијална опасност од пожар во нивните мотори.

Повлекувањето доаѓа по истрагата на БМВ, со која е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот може да доведе до фрлање искри во текот на возењето, а во „екстремни случаи” и да предизвика пожар, соопшти компанијата.

Се повлекуваат возилата со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори, произведени помеѓу 2010 и 2017 година, прецизираа од БМВ.

Компанијата соопшти дека ќе изврши тестирање и по потреба ќе ги замени компонентите.