дома Актуелно Боки 13 побарал меѓународна заштита

Боки 13 побарал меѓународна заштита

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во телевизија Алфа изнесе ексклузивни информации дека Бојан Јовановски по поднесувањето на кривични пријави во обвинителството побарал меѓународна заштита.

Според Митовски во нормална држава ова не се случува, односно луѓето кои пријавуваат криминал се заштиттени од државата, а не се линчувани.

-Јас повеќе не верувам дека во оваа држава постојат обвинители, судии доволно храбри да се одважат и да ја истераат правдата до крај. Пред малку добив информација дека Бојан Јовановски по поднесување на пријавите побарал меѓународна заштита. Меѓународна заштита не се бара во држава во која си сигурен дека државата ќе те одбрани ако сакаш да пријавиш криминал. Меѓународна зашитта се бара во држава во која ако пријавиш криминал ќе бидеш линчуван. Побарано е од Боки 13 меѓународна заштита и се надевам дека тој ќе се одважи доказите кои ги однел во обвинителството ќе ги обзнани и во јавноста, вели Митовски