дома Политика Боки 13 пoднeсe уште 30 кpивични пpијaви против функционери на влacтa, следуваат...

Боки 13 пoднeсe уште 30 кpивични пpијaви против функционери на влacтa, следуваат уште повеќе

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

Како што истакна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, кривичните пријави се однесуваат на најмалку 30 лица и поради содржината Јовановски бара вклученост на меѓународните институции и амбасадите.

„Поради сериозноста на наводите, од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија поради содржината на тоа што се изјавува“, изјави Дуковски откако минатата недела беа поднесени околу осум кривични пријави, а веројатно тоа ќе продолжи и во следните денови.

Засега е извесно дека кривичните се однесуваат за лица и конкретни дејствија коишто се поврзани со двата предмета, а со нив опфатени се и функционери од државните институции. Јовановски поднесува кривични пријави и за кршење на неговите човековите права, за нехумано и нечовечко однесување од страна на лица кои не биле директно вклучени во постапката.