дома Занимливости Босанка прогласена за најубава природна жена во светот

Босанка прогласена за најубава природна жена во светот

Американскиот портал „Beautiful Women Pedia“, босанката Соња Зекиќ (27) ја прогласи за најубава природна жена во светот.

Соња е дипломиран економист и работи по струка во Сараево, а претходно се појави во неколку музички сотови и постигна голем успех.

Инаку, американскиот портал напиша дека Соња Зекиќ е посебен пример за совршена и природна убавина на една девојка. Има совршено тело и блескаво лице, како беспрекорни женски атрибути. И затоа е прогласена за најубава природна жена во светот. Убаво е, но и тешко да се најде таква убавина бидејќи живееме во свет со генетски модифицирана храна, пластична хирургија, фотошоп и слично пишува порталот.