дома Македонија БОШКОВСКИ: Без придвижување на економијата државата нема да може да ги враќа...

БОШКОВСКИ: Без придвижување на економијата државата нема да може да ги враќа долговите

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија гостуваше Миле Бошковски претседателот на конфедерацијата на работници каде се дискутираше за економската  состојба во земјата.

Имено, Бошковски кажа дека бизнис заедницата бележела загуби поради политичката состојба и исто така потенцираше дека без придвижување на економијата нема да може Владата да  ги враќа долговите.

Исто така се зборуваше за растот на јавниот долг кој е проектиран да изнесува околу 54 % од БДП за наредната година кој предизвика големи бранувања кај експертската јавност која е согласна дека ја преминува нормалната граница што може да резултира со катастрофални последици по економијата на долг рок.