дома Македонија БОЈАН МАРИЧИЌ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ЛАГИТЕ: МПЗ „Андон Лазов Јанев Ќосето“...

БОЈАН МАРИЧИЌ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ЛАГИТЕ: МПЗ „Андон Лазов Јанев Ќосето“ бараат извинување за изнесените лаги и манипулации!

По изнесените клевети, навреди и лаги од страна на Бојан Маричиќ, инаку сопруг на пратеничката од СДСМ Маринела Тушева во вчерашната „Топ Тема“ на телевизија Телма, од патриотското здружение МПЗ „Андон Лазов Јанев Ќосето“ излегоа со реакција и барање за извинување

Реакцијата ја пренесуваме во целост

Почитувани,
Македонско Патриотско Здружение „АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“ остро ги осудува изјавите изнесени во емисијата “ТОП ТЕМА на ваша страна” на телевизија Телма на ден 06.03.2017 година.
Бојан Маричиќ во наведената емисија изјавува дека “учесниците во мирните протести организирани од граѓанското здружение “За заедничка Македонија” праќаат ќосиња да ги плукаат луѓето во лице”.
Македонското патриотско здружение „Андон Лазов Јанев Ќосето“ е здружение формирано во 2016 година, во чест на патронот Андон Лазов Јанев Ќосето или кај некои познат и како Касапот. Здружението е формирано за почитување на ликот и делото на Ќосето. Од тие причини нагласуваме дека сите членови кои се присутни на граѓанските собири организирани од граѓанското здружение “за заедничка Македонија” носат обележја на здружението, кои јавно се достапни на медиумите.

Во посоченото видео објавено на youtube каналот во однос на плуќањето на новинарот Борјан Јовановски, може да се забележи дека лицето кое го плука новинарот Борјан Јовановски не е член на М.П.З Андон Лазов Јанев Ќосето и не ги носи обележјата од здружението.
Бараме јавно извинување од телевизија Телма и Бојан Маричиќ за изнесените изјави.

М.П.З Андон Лазов Јанев Ќосето го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, македонскиот јазик и култура, вера и нација. Членовите на здружението јавно ги поддржуваат граѓанските протести организирани од граѓанското здружение “За заедничка Македонија” и нивните барања: