дома Култура БРАВО! Македонскиот актер Благој Веселинов доби награда на Берлинскиот филмски фестивал!

БРАВО! Македонскиот актер Благој Веселинов доби награда на Берлинскиот филмски фестивал!

Благој Веселинов се закити со награда на 69-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал.

34-годишниот македонски актер ја доби статуетката „Shooting star“, која му беше врачена како еден од најдобрите европски актери во подем. Покрај него, оваа награда ја добија и уште девет актери од Србија, Естонија, Исланд, Норвешка, Германија, Данска, Полска, Шведска и Ирска.



Церемонијата се одржа во „Берлин палас“, а наградите им ги врачија членовите на жирито за оваа програма, македонската режисерка Теона Митевска и исландскиот актер Ингвар Сигурдсон.




Жирито било одушевено од глумата на Веселинов во филмот „Исцелител“. „Благој Веселинов целосно го импресионира жирито со неговата изведба во фимот ‘Исцелител’ на Ѓорче Ставрески, кој е проследен со длабока и неочекувана чувствителност. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе направи следно“ – стои во коментарот на членовите на жирито.

Пред Веселинов, од Македонија оваа награда ја имаат добиено и Лабина Митевска и Наташа Петровиќ.