дома Балкан БРАНКО ГЕРОВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ПЛАТА: Даночната управа на Србија ги блокираше...

БРАНКО ГЕРОВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ПЛАТА: Даночната управа на Србија ги блокираше сметките на Родиќ, Заев барал интервенција од Вучиќ!

Даночната управа ги блокирала сите сметки на „Адрија медија груп“ на чие чело се наоѓа кариерниот затајувач на данок, медиумски мафијаш, осведочен рекетар и личен пријател и помагач на Зоран Заев, Александар Родиќ

Со оваа одлука, надлежните државни органи во Србија без сомневање докажаа дека законот во Србија важи за сите, па така и за Александар Родиќ, кој не може да помине неказнето ако затајува данок – пишува српски „Информер“

Инаку, Родиќ со својата парамафијашка организација, имал 24 фирми, дел на негово име, а друг дел на име на негови роднини и пријатели, должни вкупно 118 милиони евра данок – пишува Информер.

Токму тој обид да избегне плаќање на огромниот даночен долг, е повод Родиќ да тргне во бесрамна кампања против Александар Вучиќ, додаваат од Информер, а во својата хајка, Родиќ се служел со најгнасни лаги и измислици, како и најподли спинови против актуелната власт.

Оваа тактика Родиќ ја спроведуваше и во Македонија, помагајќи му на Зоран Заев во својата кампања исполнета со лаги против ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, весникот „Слободен печат“ каде што Бранко Геровски е уредник е во сопственост на „Адрија Медиа груп“, чиј сопственик е Родиќ. Дали ова значи дека ќе згасне и петпарачкиот весник преполн со лаги и манипулации и во Македонија, а Геровски ќе остане без плата.