дома Македонија Брисел: Напредокот на Македонија кон ЕУ ќе биде презентиран на 25-ти март

Брисел: Напредокот на Македонија кон ЕУ ќе биде презентиран на 25-ти март

Дебатата за извештаите за напредокот на четирите балкански земји кон ЕУ ќе се одржи на мини-пленарната сесија на Европскиот парламент на 25 март, објави Брисел, пренесува ТВ21.

Ќе се презентираат извештаи за напредокот на Албанија, Косово, Македонија и Србија, како и заедничка дебата за сите четири документи.

Сите четири земји се соочуваат со слични проблеми поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и други области клучни за европската интеграција.