дома Македонија Британската премиерка денеска во посета на Македонија

Британската премиерка денеска во посета на Македонија

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да пристигне во Скопје. Ова е прва посета на британски премиер во Македонија по 19 години, откако во 1999 година, во Скопје беше тогашниот британски премиер, Тони Блер.

Главната церемонија за пречек на британската делегација, ќе се одржи на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена средба меѓу премиерите Заев и Меј. По нивната средба премиерите ќе  одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Настанот се очекува да се случи во попладневните часови откако дипломатите ќе се вратат од самитот на ЕУ што денеска завршува во Софија.