дома Балкан БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА ОТКРИ: Тачи потроши огрона сума на пари за...

БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА ОТКРИ: Тачи потроши огрона сума на пари за лобирање во Лондон за корекција на границите!

Британскиот министер за Европа, Алан Данкан, изјави дека е задоволен од промената на ставот на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој минатата седница изјави дека нема да се менуваат границите со Србија, пренесуваат приштинските медиуми.


Тој изјави дека Тачи минатата година потроши огромна сума на пари за лобирање во Лондон за промена на границата.

Данкан изјави дека минатогодишниот пристап на Тачи кон прашањето за границата бил погрешен.

„Задоволен сум што претседателот на Косово минатата недела се согласи дека нема потреба од промена на границата“, рече Данкан.

Според него корекција на границите или размена на територии може да доведе до дестабилизација на Балканот.