дома Uncategorized БРИТАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ ОТКРИЕНИ: Поранешен припадник на МИ-6 —го направил „компромитирачкото досие“ за...

БРИТАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ ОТКРИЕНИ: Поранешен припадник на МИ-6 —го направил „компромитирачкото досие“ за Трамп

Извештајот за наводното компромитирачко досие за новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кое наводно го има Русија, го подготвил поранешниот соработник на британската разузнавачка служба МИ-6 Кристофер Дејвид Стил.

Сега тој е еден од директорите на приватна фирма “Орбис бизнис интелиџенс“”, која се занимава со oбезбедување. Извештајот, според податоците, го подготвил по наредба  на ,, противникот на Трамп во Републиканската партија, а потоа медиумите го препродале на демократите“.
Според Ен-Би-Си, објавувањето на кратката верзија на извештајот на Си-Ен-Ен како и целосна верзија од 35 страници на “Bazfid” предизвика негативна реакција кај Трамп и неговиот тим, кои ги нарекоа овие информации “од почеток до крај фалсификувани “.

“Мислам дека тоа е срам за разузнавачката служба да објавуваат информации кои се  измислени”, изјави Трамп во својата прва прес-конференција. Тој додаде: “Такво нешто може да се направи, и го работеше, Германија”.

Вчера портпаролот на премиерот Дмитриј Песков  ги отфрли обвинувањата дека Русија се занимава со собирање на компромитирачки материјали за Доналд Трамп, како и за Хилари Клинтон, нарекувајќи ги овие изјави за “апсолутна измислица.”