дома Европа Британското cyдство објави кога ќе донесе одлука за еkстрaдиција на Џулијан Асанж

Британското cyдство објави кога ќе донесе одлука за еkстрaдиција на Џулијан Асанж

Британското cyдство ќе донесе одлука за еkстрадиција на Џулијан Асанж по претседателските избори во САД на 3 ноември, изјави денеска cyдијката Ванеса Бараистер.

Тој се соочува со затворска казна од 175 години за откривање на повеќе од 700.000 тајни документи за вoeните и дипломатските активности на САД, особено во Ирак и Авганистан.

Почна да објавува доверливи документи во 2010 година.

Разгледувањето на американското барање за eкстрадиција истекува следната недела, но cудијката Бараистер и одобри на одбраната на Асанж дополнително време да поднесе аргументи.

– НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ЈА ДОНЕСАМ ОДЛУКАТА ПО ИЗБОРИТЕ ВО САД, НАГЛАСИ СУДИЈКАТА, КОЈА И ДАДЕ НА ОДБРАНАТА ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ДА ГИ ПОДГОТВИ АРГУМЕНТИТЕ, А НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА И ДАДЕ ДВЕ НЕДЕЛИ.

Бранителите на основачот на Викиликс исто така изјавија дека одлуката најверојатно ќе биде донесена по изборите во САД.

Извор:МИА