дома Македонија Брнс ги собра cyдиите на онлajн „paпорт“: Meѓу нив се најде и...

Брнс ги собра cyдиите на онлajн „paпорт“: Meѓу нив се најде и човекот кој го ocyди Mиjaлков

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Мери Кејт Брнс на социјалната мрежа Твитер пред малку ја информираше јавноста за оналјн средбата која ја имаше со повеќе судии ширум државата.

-Имав можност да зборувам на @OSCE_Skopje. Конференција за судски интегритет денес со судии од целата земја. Констатиравме дека навистина независно, транспарентно и отчетно судство е столбот на здравата демократија, бидејќи обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот.

Oна што е интересно е што и на средбата се најде и судијата Владимир Туферџиќ човекот кој донесе осудителна пресуда во случајот Таргет-Тврдина каде првообвинет со Сашо Мијалков.

Одлуката ја донесе петчлениот судечки совет во состав: Џенета Бегтовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

Вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор определи денеска Основниот кривичен суд во Скопје за обвинетите за предметот „Таргет-Тврдина“, кој е основниот од аферата со масовното нелегално прислушување, односно се однесува на самото следење на комуникациите и на уништувањето на опремата од некогашната УБК.