дома Свет Бројката на вакцинирани ги надмина бројот на заболените во светот

Бројката на вакцинирани ги надмина бројот на заболените во светот

Бројот на луѓе вакцинирани против ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на сите случаи на заболување во светот.

Врз основа на анализа на официјални податоци и извештаи во медиумите, изјави дека најмалку 105,1 милиони луѓе биле вакцинирани ширум светот, додека вкупно биле заразени околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани има во САД (33,7 милиони), потоа Велика Британија (10,2 милиони) и Израел (5,05 милиони). Во Израел вакцинирани се 56,86 проценти од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати 38,83 проценти и во Сејшелите 36,25 проценти.