дома Македонија БРОЈНИ КРИТИКИ:BBC се пошегува со стајлингот на македонската претставничка на Евровизија

БРОЈНИ КРИТИКИ:BBC се пошегува со стајлингот на македонската претставничка на Евровизија

Стајлингот на македонските претставници за Еврoвизија оваа година наиде на бројни критики. Дури и странските медиуми го коментираа и се шегуваа со  изгледот на Марија Ивановска од Eye Cue.

Македонската пејачка беше облечена во креација во циклама нијанса која наликуваше на сако закопчано наопаку. Потоа таа ја соблече за да ја открие блузата со богата текстура.

Од BBC на официјален профил на Twitter посветен на Евровизија споделија кратко видео од Марија за време на настапот и во описот напишаа: „Не е НАОПАКУ мамо, тоа е мода која ти воопшто не ја разбираш“.

И на социјалните мрежи во Македонија наголемо се коментраше за стајлингот на Марија за евровизискиот настап.