дома Европа БРОЈОТ НА ПOЧИНAТИ И ЗAБOЛEНИ РАСТЕ: Шведскиот модел за кoрoнaвиpyc кoлaбиpaшe

БРОЈОТ НА ПOЧИНAТИ И ЗAБOЛEНИ РАСТЕ: Шведскиот модел за кoрoнaвиpyc кoлaбиpaшe

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Шведска надмина 4.000, објави денеска Шведската агенција за јавно здравје.

Во извештајот се наведува дека бројот на загинати од последиците од инфекција со вирусот се зголемил од 3.998 на 4.029. Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во Шведска се зголемил од 33.459 на 33.843.

Шведска е една од европските држави кои се одлучија за поблаг пристап во борбата против коронавирусот. Во оваа земја повеќето училишта, продавници и ресторани се отворени, а властите се потпираат на доброволни мерки насочени кон социјално дистанцирање и одржување на лична хигиена.