дома Македонија БУГАРИТЕ САКААТ ДА СМЕ БИЛЕ ПОД ЕДНО НЕБО: Протecт пред амбасадата на...

БУГАРИТЕ САКААТ ДА СМЕ БИЛЕ ПОД ЕДНО НЕБО: Протecт пред амбасадата на Франција во Софија и писмо до Макрон за Македонија

Пред амбасадата на Франција во Софија вечерва имало протест поради незадоволството од одлуката на претседателот Емануел Макрон да го блокира почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана на последниот Совет на ЕУ.

Како што јавува БГНЕС, учесниците скандирале „Бугарија и Македонија под едно небо”, „Не на лицемерието, Да на Македонија”.

Порталот МКД, објави дека демонстрантите напишале и писмо до Макрон во кое го повикуваат францускиот претседател да не дозволува „Република Северна Македонија да биде втурната во политички хаос”.

Претставник на француската амбасада го примил писмото од граѓаните кои протестираа и со кое се повикува Мкрон да ја смени одлуката и да не ја става под ризик иднината и на Балканот и на ЕУ.

ФОТО: БГНЕС