дома Македонија БУГАРИТЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Љубчо Георгиевски ќе се кандидира...

БУГАРИТЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Љубчо Георгиевски ќе се кандидира за претседател на Македонија?!

ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски и Граѓанско-демократската унија на Петар Колев разговараат на претстојните претседателски избори да настапат со заеднички кандидат, поради блискоста на нивните про-бугарски ставови.

Според информациите кои кружат во јавноста, највероатен заедничкиот, консензуален кандидат ќе се избира помеѓу претседателот на ВМРО-НП и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, професорот на Електро факултет и поранешен амбасадор на Македонија во  Германија, проф. Горан Рафајловски и поранешниот портпарол на Министерството за одбрана и Владата на Георгиевски, Ѓорѓи Трендафилов, кој во моментот е претседавач на Националниот Комитет на ГДУ.