дома Балкан Бугарија под лупата на ЕУ: Седум европратеници ќе одат во Бугарија да...

Бугарија под лупата на ЕУ: Седум европратеници ќе одат во Бугарија да ја „чешлаат“ kopyпцијата и cлободата на медиумите

Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент соопшти дека нејзини претставници ќе отпатуваат во Бугарија на 23 и 24 септември за да ја анализираат состојбата во државата со слободата на медиумите и со корупцијата.

Во Бугарија ќе бидат седуммина европратениците кои ќе се сретнат со претставници на граѓански организации, високи државни и владини претставници, народниот правобранител и главниот обвинител, се вели во соопштението.

Се очекува европратениците да покренат прашања поврзани со владеењето на правото. В петок тие ќе имаат прес -конференција во претставништвото на ЕП во Софија.