дома Религија БУГАРСКАТА ЦРКВА ЈА ОДБИ ПОКАНАТА НА МПЦ-ОА: БПЦ нема да присуствува на...

БУГАРСКАТА ЦРКВА ЈА ОДБИ ПОКАНАТА НА МПЦ-ОА: БПЦ нема да присуствува на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската Архиепископија

Синодот на Бугарската православна црква донесе решение да не ја прифати поканата на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан за заедничка прослава на 1.000- годишнината од Охридската архиепископија.

На барање на Русенскиот митрополит Наум БПЦ да не учествува н прославата во Охрид поради „темелни разлики“, Синодот со мнозинство гласови одчучил да не даде благослов претставници на БПЦ да земат учество во прославата што ќе се оджи на 27 мај во Охрид.

Против барањето на Русенскиот митрополит БПЦ да не учествува на прославата во Охрид биле и двајцата митрополити кои во февруари го придружуваа бугарскиот претседател Румен Радев во посетата на Бигорскиот манастир, Светозагорскиот митрополит Кипријан, претседател на Синодската архиерејска комисија за преговори со Македонската православна црква и Пловдискиот митрополит Николај.

Двајцата бугарски владици, Пловдискиот митрополит Николај и Старозагорскиот митрополит Кипријан во Бигорскиот манастир беа пречекани на највисоко ниво.

Монашката обител на Бигорски им укажа највисока почит на архиереите на БПЦ, а Митрополитот Николај за време на пеење на тропарите стоеше на владичкиот трон во црквата во Бирорски.

Митрополитот на БПЦ Николај учествуваше молитвено и во молититвословието и пеењето на тропарите, што иако не е официјално сослужување, сепак е еден голем чекор напред во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Монасите на Бигорски за време на молитвата ги спомнуваа и двајцата владици на БПЦ.

Целиот настан преку својот Фејсбук профил со видео го пренесуваше бугарскиот претседател Румен Радев, кој воедно е и првиот претседател на странска држава кој го посетил Бигорски.

Синодот не го профатил ниту предлогот на Пловдивскиот митрополит Николај Старозагорскиот митрополит Кипријан, придружуван од епископ на БПЦ да ја посети Македонија и да земе учество во чествувањата.