December 6, 2022, 5:53 pm

Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало, а за толкав пат морало да има

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата за кои денеска пишуваат денеска и бугарските медиуми.

Огнот започнат да гори од предната страна. каде според бугарската полиција имало туби со нафта покрај резервните гуми.

„Патот беше полеан со нафта. Автобусот се движел со 100 км на час и нема знаци на кочење. Несреќата настанала како резулатат на човечка грешка“, истакна Васко Пиргов.

„Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое е купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија. Тоа гориво се запалило и е една од причините за несреќата. Има информации дека автобусот кога влегол во заштитната ограда 50 метри возел без да сопре. Нема траги на кочење, што значи изгубил контрола над возилото. Кога влегов во банкината бил предизвикан пожарот, звукот кој се почувствувал во автобусот и го предизвикал изгорувањето на тие 45 луѓе кои биле натрупани во една од вратите“, вели Патриција Кирова.

Останатите 7 кои се преживеани успеале да се спасат кршејќи ги задните прозорци на автобусот. Тие се во стабилна состојба и се враќаат за два дена во земјава. Возачот починал на самото место.

„Има информација дека немало втор возач во автобусот што за пат од Истанбул до Македонија би требало да има уште еден возач. Ако едниот е уморен за да не заспие, другиот да го смени, додава Патриција Кирова, другиот да го смени, додава Патриција Кирова

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This