дома Македонија БУГАРСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Кога Македонија ќе стане Северна, тогаш ќе се реши и...

БУГАРСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Кога Македонија ќе стане Северна, тогаш ќе се реши и црковното прашање

Бугарскиот портал БГНЕС пренесува дека БПЦ се уште го очекува исходот од Договорот од Преспа за конечно решавање и на афтокефалноста на МПЦ. Имено Бугарскиот Патријарх Неофит потенцираше дека се уште промената на името на Македонија е во фокусот, а очекува дека кога спорот за името ќе се реши, а Македонија и официјално ќе стане Северна и прашањето со МПЦ ќе добие завршинца.

-Уште се работи на промената на името на државата Македонија. Кога овие детали ќе бидат разјаснети, прашањето за црквата сигурно ќе се помести. Ова го изјави бугарскиот Патријарх и Митрополитот Неофит, кој му оддаде признание на својот небесен заштитник со свечена литургија и благодарност во Софиската митрополитска црква “Св. Недела ”