дома Македонија Бугарскиот профecop Toпалов ја спopeди Maкедонија co Ceвepна Kopeја

Бугарскиот профecop Toпалов ја спopeди Maкедонија co Ceвepна Kopeја

Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија ја спореди Македонија со Северна Кореја.

Тој за спорот околу јазикот вели дека е тешко да се дојде до научната вистина.

„Јазичниот спор со Република Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство“, изјави во студиото на „Ова утро“ на бТВ Топалов.

Тој вели дека „Република C Македонија е Северна Кореја на Балканот“ заради нејзината „жестока цензура“ и „жестокиот тоталитаризам“.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов даде нова изјава со која го спори македонскиот идентитет. Вели дека во времето на Тито Македонците се нарекувале себеси Југословени. Рече дека и Бугарите може да веруваат дека се Мексиканци, но тоа не е така.