дома Македонија Бучковски: Уштe тpи бугарски тeлeвизии бapaaт дa ce eмитyвaaт вo Македонија

Бучковски: Уштe тpи бугарски тeлeвизии бapaaт дa ce eмитyвaaт вo Македонија

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија Владо Бучковски најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три приватни бугарски телевизии.

– Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Новинската агенција МИА веќе има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.

Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.