дома Актуелно БУЏЕТСКИ ПАРИ ЗА XУЛИГAHИTE ОД ТЕТОВО: Државата ќе финансира пaлeњe на Македонското...

БУЏЕТСКИ ПАРИ ЗА XУЛИГAHИTE ОД ТЕТОВО: Државата ќе финансира пaлeњe на Македонското знаме, пропагирање на Илирида, нaвpeди кон Македонци…..

Иако постојано ја негираат Македонија, ја исвиркуваат химната, пропагираат формирање на Илирида, пеат за Голема Албанија, навивачите на Шкендија, кои себеси се нарекуваат „Балисти“, станаа промотори на земјава благодарение на Министерството за култура, кое реши со буџетски пари на скандалозен начин да финансира промотивен клип во кој главна улога имаат тетовските xулигaни – пишува порталот СПОРТ1.мк

„Запознајте ја Македонија“ е насловот на промотивното видео во кое секој што би дошол во Тетово треба да ги запознае навивачите на Шкендија, кои биле многу повеќе од фудбал, спорт, идентитет – пренесуваат од порталот.

„Ако го посетите Тетово нема да запознаете човек, без разлика дали е млад или стар, кој нема да каже ‘јас сум Балист’. Песните кои ги пеат, кореографиите кои ги прават, тоа е шоу што не се пропушта“, е делот од пропагандата од 90 секунди наменета за навивачите на тетовскиот клуб.

Социјалните мрежи зовреа, па се наметнува прашањето, кој смислил промотивна кампања за Македонија преку најголемите негатори на постоењето на оваа држава, чии приврзаници постојано навредуваат буквално сè што е македонско.

Министерството за култура направи скандал и гаф од невидени размери – која е таа политика за промоција на една држава, која се прави преку претставување на навивачка група. А втор проблем е каква е таа промоција на држава, кога нејзините промотори се декларирани антимакедонци.

За навредите кон Македонците, македонските девојки, инцидент имаше пред нешто повеќе од еден месец, кога беше нападнато кафуле во Тетово полно со Македонци, а предизвикано од поголема група на навивачи на Шкендија – пишуваат од „Спорт1.мк“

 

Најзагреаните фанови на тетовскиот клуб во изминатите години постојано потенцираа дека не ја признаваат државата, па македонската химна досега многупати ја исвиркувале, истакнувале пароли со „Голема Албанија“, пароли за „Илирида“, географски карти од северозападниот дел од земјава кој требало да се отцепи и да влезе во Голема Албанија…

Но, врв на сѐ за непочитта кон Македонија е скандалот што Балисти го направија во Кичево на 17 октомври 2010 година, кога од јарболот на Градскиот стадион го симнаа македонското знаме и го закачија албанското. Со порака – збогум вентилатору, добредојде орелу.

 

Превземено од СПОРТ1.МК