Руските научници, во активното трагање по соединение во борбата против коронавирусот, открија супстанца што потенцијално би можела да биде од корист во лекување на рак на невробластом. Откритието е направено во соработка со американските колеги.
Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија” (Organik end Biomolekular Kemistri).
„Истражувачите опишаа синтеза на материја што ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение што ќе има ефект во борбата против Ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема”, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од агенцијата Тасс.
Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен” и откриена е во 2010 година.