дома Македонија Бeз кoмeнтap…: Лицата кoи пpoтecтиpaa пpeд ceдиштeтo нa ДУИ дoбиja ocyмднeвeн пpитвop

Бeз кoмeнтap…: Лицата кoи пpoтecтиpaa пpeд ceдиштeтo нa ДУИ дoбиja ocyмднeвeн пpитвop

На протестот во Тетово група граѓани побараа одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември.

Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово.

– По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски.

Вчера по завршување на протестот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Тие беа приведени затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протестот вчера во Тетово и потоа во Мала Речица кога група млади лица се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.