дома Локално Бeз eлeктpичнa eнepгиja викeндoв нeкoлкy cкoпски oпштини

Бeз eлeктpичнa eнepгиja викeндoв нeкoлкy cкoпски oпштини

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија викендов ќе бидат дел од корисниците во неколку скопски општини.

Без струја в сабота од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од селата Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, и Кондово, во општина Сарај и Кучково и дел од село Волково во општина Ѓорче Петров.

Прекин на електричната енергија в недела од 04:00 до 06:00 часот ќе имаат корисниците од населба Шуто Оризари. Во истиот период без струја ќе бидат и корисниците од населба Топаана, Чаир и Топанско Поле во општина Чаир, како и населба Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, населба Кучевишка Бара, Визбегово и Индустриска Зона-Визбегово, во општина Бутел.