дома Македонија Бomби ама само за другите: Иcчeзнaa снимките од Конгресот на СДСМ

Бomби ама само за другите: Иcчeзнaa снимките од Конгресот на СДСМ

Снимките на кои можеше да се слушнат говорите на делегатите кои ја критикуваа работата на СДСМ откако утрово беа објавени, сега веќе не може да се најдат на социјалните мрежи.

И покрај јавната заложба на Зоран Заев вчера дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење, сепак, снимките се избришани.

Дали за тоа имало притисоци од раководството на СДСМ не може да се потврди, но јасно е дека некој имал за цел, дел од затворената сесија на конгресот на СДСМ да се појави во јавност.

Поминаа шест години од 9-ти февруари 2015 година, кога македонската јавност ги слушна првите аудио-снимки од „Вистината за Македонија“ незаконски прислушувани на новинари, судии, обвинители, бизнисмени, пратеници, министри, академици, верски лица, невладини организации, министри и премиер, но сега очигледно на Зоран Заев му пречи вистината за состојбата во владеачката СДСМ.