Бpитaнcкиот миниcтep зa oдбpaнa co шokaнтнa изjaвa: Heмa cитe дa ce извлeчaт oд Kaбyл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Би-Би-Си призна дека нема да успее да ги извлече од аеродромот во Кабул сите оние што би сакале да заминат.

– Во изминатите 24 часа извлековме 2.000 луѓе, односно 10.000 луѓе од април. Фокусирани сме да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Но, нивото на предизвик е такво што нема да можеме да ги извлечеме сите. Мораме немилосрдно да воведуваме приоритети, истакна Валас.

Тој нагласи дека „доколку е можно би сакале да останат и по 31 август, но за тоа одлучуваат САД и талибанците“.

– Талибанците можат многу да ни го отежнат животот. Се ќе зависи од договорот меѓу САД и талибанците. Ако Америка одлучи да не остане по 31 август, тогаш и ние ќе заминеме на тој ден, заклучи британскиот министер.

Валас, исто така, одговори на критиките дека Велика Британија може да испрати уште војници барем привремено да го задржат и заштитат аеродромот во Кабул.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This