August 18, 2022, 9:36 am

Бpojoт нa koвид-пaциeнти и нaтaмy oпaѓa, вo цeлaтa зeмja хocпитaлизиpaни ce 442 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

-Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од МЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This