дома Македонија Бyчковcки вели дека е фaкт дека cмe имaлe зaeдничка истopија со Бугapија

Бyчковcки вели дека е фaкт дека cмe имaлe зaeдничка истopија со Бугapија

Поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската телевизија ТВ Европа објаснува дека ако комисијата не ја заврши работата, ако не постапи онака како што е во Договорот за добрососедство, секогаш ќе може тоа да биде причина зошто Бугарија не се согласува ние да бидеме члека на ЕУ.

-Во последните три години има драматично придвижување напред, она што беше до пред неколку години непоимливо да се признае во Македонија дека имаме заедничка историја, сега е факт, но треба да најдеме начин како да ја претставиме на пошироката јавност и во Софија и во Скопје дека барањето на заеднички точки, заедники личности кои не поврзуваат, треба да биде дел од иднината, а не ние да се поделиме за нешто што се случувало пред сто години или да не можеме да дојдеме до клучната фаза, тоа е да дојдеме до периодот од 1941 до 1944, до кога ќе ја зголемиме довербата меѓу нас, оценува Бучковски.