дома Свет Бypaтa пoкpaj бpeгот на Австралија може дa сe пpeтвopи вo „мeтeopoлoшкa 6oмбa“

Бypaтa пoкpaj бpeгот на Австралија може дa сe пpeтвopи вo „мeтeopoлoшкa 6oмбa“

Австралиските синоптичари предупредуваат дека бурата, која се приближува кон источниот брег на Зелениот континент, може да се претвори во ретка „метеоролошка бомба“, објави NCA NewsWire.

Според медиумот, утре и задутре се очекуваат огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови во државата Нов Јужен Велс.

– Особено Сиднеј и околината може да се соочат со најлошото време, изјави метеорологот Том Сондерс за Скај њуз Австралија.

Тој објасни дека брановите би можеле да достигнат повеќе од осум метри височина, додека австралиската метеоролошка служба предупреди за бранови од пет метри. Но, дури и неговите соработници сугерираат дека веројатноста за силно невреме може да биде поголема и да предизвика ерозија на почвата долж брегот.

Метеоролошката служба денеска издаде предупредување за Сиднеј и другите делови на Нов Јужен Велс, повикувајќи ги луѓето да не се приближуваат до океанот и да не ги оставаат автомобилите под дрвја.

Според прогнозите, брзината на ветрот утре може да достигне околу 100 километри на час, се очекуваат врнежи до 50 мм, а на некои места и до 90 мм.