дома Локално ВАНДАЛИЗАМ ВО КАВАДАРЦИ: Оштетени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, поставени плакати и флаери на...

ВАНДАЛИЗАМ ВО КАВАДАРЦИ: Оштетени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, поставени плакати и флаери на СДС!

Штабот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци бил оштетен денеска по полноќ од страна на непознати лица.

 

Истото оштетување е пријавенo во полиција за да се превземат соодветни мерки за пронаоѓање на сторителот и да се расчисти случајот.

Овој вандалски чин остро го осудуваме и апелираме до сите политички партии да се држат до договореното – кодекс за фер и демократски избори.

На местото на настанот е затечен пропагандниот материјал на СДСМ кој бил излепен и расфрлан во непосредна близина на оштетениот штаб.

Oд ВМРО-ДПМНЕ прашуваат : Зошто не се почитува потпишаниот кодекс и дали стравот од се посигурниот пораз на престојните локални избори наместо со програма за работа тие се служат со стари методи на сеење страв и заплашување?