дома Македонија ВАНКОВСКА: Ете што ти е промена, порано се протестираше во име на...

ВАНКОВСКА: Ете што ти е промена, порано се протестираше во име на жртвата, сега во одбарана на полицаецот

Универзитетскиот професор Билјана Ванковска денеска реагираше на тоа што членови на независниот полициски синдикат од Струмица и Радовиш протестираа во знак на поддршка колегата кој пукаше во две момчиња од Радовиш.

-Ете, што ти е промена! Под бившиот режим се протестираше во име на жртвата, сега во одбрана на полицаецот!, напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.

На 11 овој месец полициски службеници од СВР Струмица се обиделе да запрат возило Опел Фронтера (со словенечки рег. таб.)

Еден од полициските службеници пукал кон лицата кои бегале со Опел-от, па поради тоа, едно 16-годишно момче се бореше за живот, а на второто му беше извршена хируршка интервенција.

По инцидентот уследија неколку протести ширум државата против полициска бруталност.

ВМРО-ДПМНЕ неколку пати побара министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да преземе одговорност за случувањата.