дома Политика ВАНКОВСКА ИЗБРИША ПОД СО ЗАЕВ: Сакајќи да добие гласови од сите, на...

ВАНКОВСКА ИЗБРИША ПОД СО ЗАЕВ: Сакајќи да добие гласови од сите, на крај ќе остане со куси ракави зошто ги раскара сите!

Критики за пратеничките листи на СДСМ доаѓаат од страна на нивните најголеми поддржувачи. Професорката Билјана Ванковска не го крие своето разочарување, а не штеди ниту зборови во критиката за СДСМ.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Слушав внимателно, и паднав од смеа: СДСМ созреала и КОНЕЧНО сфатила дека треба да биде во сојуз со граѓаните 😉
А со кого беа во сојуз досега? Сепак, има еден ГОЛЕМ принципиелен проблем со оваа т.н. коалиција со граѓаните. „Коалиција“ со нас, граѓаните, се прави врз база на стекнат легитимитет, т.е. на избори кога од целиот електорат, партијата ќе добие најмногу гласови за да формира влада. Таа „коалиција“ по дифолт е постизборна, и во услови на политички плурализам не може и не смее да биде предизборна – бидејќи, во спротивно, излегува дека сите кои нема да гласаат за СДСМ не се граѓани. Што ако гласам за Левица, или за Беса, или за Либерална партија? Дали тоа ме прави помалку граѓанин затоа што не сум во сојуз со СДСМ? За две години не успеа да направи партија, да внесе нова крв, ама како партиско членство, а не во стилот на партија-НВО, ни жена ни риба. Сакајќи да добие гласови од сите, на крај ќе остане со куси ракави зошто ги раскара сите, најнапред во своите редови.[/kopa_block_quote]