дома Социјални Мрежи ВАНКОВСКА: Нема живот во Северна освен за богатите!

ВАНКОВСКА: Нема живот во Северна освен за богатите!

Професорката Билјана Ванковска реагираше на новиот предлог за воведување на таканаречените еколошки налепници на возилата со кој владата планира да го намали енормното загадување.Во Македонија има околу 460 000 регистрирани возила  од кои над 77 отсто се со еуро 1, еуро 2 или без стандарди што значи дека ќе добијат црвени налепници и ќе им биде забрането да возат во деновите кога воздухот ќе биде многу загаден. Според професорката ваквата мерка на владата е дискриминирачка, а се спроведува колку да се каже дека институциите превземаат нешто против загадувањето, порачувајќи дека нема живот во Северна освен за богатите.

„А жолти ѕвезди тие ќе ни дадат или сами да си направиме? Ова е дискриминација по социјална основа, забранета со устав, барем формално-правно. И сето ова за да покажат дека божем нешто преземаат за заштита на животната средина – додека на друга страна градат рудници на смртта! Нема живот во Северна, освен за богатите“ напиша Ванковска на нејзиниот ФБ профил.