дома Занимливости ВАРДАРКИ ПОВТОРНО СЕ СОБРАА: Андреа Пенезиќ облече бело и ги собра „Вардарки“...

ВАРДАРКИ ПОВТОРНО СЕ СОБРАА: Андреа Пенезиќ облече бело и ги собра „Вардарки“ повторно на едно место

Ракометарките на Вардар повторно се собраа заедно, овој пат за свадбата на својата соиграчка која заплови во брачните води.

Станува збор за Андреа Пенезиќ која со брак ја круниса долгогодишната врска со голманот на Ренова, Матија Кобетиќ.

Младенците судбоносното „ДА“ го кажаа викендов на свечената церемонија во Загреб, на која присуствуваа и дел од ракометарките на Вардар како и поранешни соиграчки на Пенезиќ.