August 18, 2022, 11:47 pm

Вархеји вo Софија нa paзгoвopи зa бyгapcкoтo вeтo зa Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. За време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што јавува МИА од Софија, во бугарските медиуми не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што додава Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Македонија.

Сите водечки електронски медиуми во Бугарија известуваат за посетата на Европскиот комесар за проширување Оливер Верхеи.

Инаку, ова е втора посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со цисоки бугарски претставници. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This