дома Македонија Вархеји: Tрасиран е патот кон слободни, фер и инклузивни избори кој ќе...

Вархеји: Tрасиран е патот кон слободни, фер и инклузивни избори кој ќе бидат набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР

Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.