дома Европа Ватикан и за Божиќ ќе остане без верници, божиќната миса ќе се...

Ватикан и за Божиќ ќе остане без верници, божиќната миса ќе се пренесува на интернет

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе служи миса за Божиќ во Ватикан без присуство на верници, исто како што помина Велигден за време на кapaнтин поради kopонавирусот, објави католичката новинска агенција ЦНА.

Ватикан објави дека церемониите за Божиќ ќе бидат од „приватен карактер“, односно без присуство на верници и дипломатски кор, сè ќе биде на Интернет.

Декември традиционално е месец во кој масите привлекуваат неколку илјади верници во Рим.

Во пролетта, Папата (83) мораше да се откаже од приближувањето кон верниците, како и од патувањето во странство и бројните церемонии.

Повеќе од 37 000 луѓе починaa во Италија од почетокот на eпидеeмијата на kopонавирус, пренесува Бета.