дома Социјални Мрежи ВАТС-АП СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРЕЗЕМАЊА: Достигна две милијарди корисници

ВАТС-АП СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРЕЗЕМАЊА: Достигна две милијарди корисници

Апликацијата Ватс-ап ја достигна бројката од две милијарди корисници ширум светот, се вели во официјално соопштение.

Најпопуларната апликација за испраќање пораки со ова стана една од двете апликации од портфолиото на Фејсбук, што има над две милијарди корисници. Истоимената друштвена мрежа има 2,5 милијарди поединечни профили.

Фејсбук го купи Ватс-ап пред шест години за 19 милијарди долари.

Фејсбук минатиот месец соопшти дека 2,26 милијарди луѓе секој ден користат некој од нивните производи (Фејсбук, Месинџер, Инстаграм или Ватс-ап), а групацијата има девет отсто повеќе корисници во споредба со лани.