дома Актуелно ВЕЛЕС СТАНУВА ДВОЈАЗИЧНА ОПШТИНА: Аце Коцевски му е потребен на Заев за...

ВЕЛЕС СТАНУВА ДВОЈАЗИЧНА ОПШТИНА: Аце Коцевски му е потребен на Заев за спроведување на двојазичноста во општина Велес!

Во изминатиот период сите граѓаните имаа можност уште еднаш да се уверат во лагите и манипулациите на Зоран Заев. И покрај тоа што постојано повторуваше дека тиранската платформа не постои и е измислица од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Заев со влегувањето во собраниска процедура на понижувачкиот Закон за употреба на јазиците покажа дека не само што платформата постои, туку истата веќе се спроведува. На секој граѓанин на Република Македонија веќе му е јасно дека Заев со своите коалициони партнери има намера да воведе двојазичност на целата територија на државата, што впрочем беше и услов од страна на албанските партии за истиот да добие поддршка за составување на Влада.

За таа цел, на Заев во општините му се потребни луѓе послушници и аминувачи кои се подготвени слепо да ги извршуваат неговите наредби, луѓе кои за да добијат функција се подготвени не само да ја свиткаат кичмата, туку и да ги продадат македонските интереси.

За спроведување на двојазичноста во Велес таков кандидат Заев си најде во лицето на Аце Коцевски. Во Велес според законот на СДСМ сите државни институции ќе бидат двојазични. Така двојазичност во Велес ќе биде воведена во болницата, подрачното одделение на министерството за земјоделство, катастарот, матичното, фондот за здравство, фондот за пензиско осигурување и сите останати институции во Велес.

Аце Коцевски е човек кој во минатото покажа дека за комоцијата на функционерската фотелја нема да се спротивстави и на најцрните случувања и најсрамните политики. Тој е докажан поданик и аминувач на сите штетни политики на СДСМ.

Таков пример е периодот од 1994 до 1998 година кога Аце Коцевски беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Имено, тогаш се носеа законите со кои се спроведе најсрамната приватизација на општествениот капитал со која илјадници граѓани останаа без работа. Овој факт е многу добро познат на Велешани кои беа едни од најмногу погодените од таквата приватизација во државата, соочувајќи се со затворање на фабриките Порцеланка, Свилара, Брако, Графичар, Велес Пром,  Интернационал, Транс Велес, ХИВ, ГП Бетон, ГП Пелагонија и ГП Младост. Преку ноќ, од град на индустријата Велес стана град со армија невработени лица оставени на работ на егзистенцијата. Што стори тогаш Аце Коцевски!? Ништо!

Друг пример кој го покажува поданичкиот однос на Аце Коцевски е во случајот со Референдумот во 2004 година против Законот за територијална организација на локалната самоуправа. Тогашната Влада на СДСМ ги манипулираше македонските граѓани туркајќи го предавничкиот Закон за новата територијална поделба на Македонија – Аце Коцевски тогаш молчеше. Подоцна, кога граѓаните излегуваа на Референдум, наместо со граѓаните, тој се стави во функција на тогашната власт на СДСМ и извикуваше дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Заради неговиот молк, а потоа и „трчање“ Референдумот да се направи неуспешен, соседната општина на Велес, општината Чашка стана двојазична општина, а Кичево и Струга вештачки станаа од македонски, доминантно албански општини.

Токму поради овие наведени постапки во минатото со кои Аце Коцевски покажа дека е подготвен да направи сѐ за удобната функционерска фотелја, Зоран Заев во него виде совршен и докажан кандидат за градоначалник кој би ги спровел потребните активности за и Велес да стане двојазичен.

Граѓаните на Велес ги препознаваат и остро се спротивставуваат на валканите намери на СДСМ. На 15 октомври велешани уште еднаш ќе ги поразат и Аце Коцевски и Зоран Заев.