дома Социјални Мрежи ВЕЛИЧКОВСКА: Доставив 3 предлог проекти за кои сум убедена дека ќе бидат...

ВЕЛИЧКОВСКА: Доставив 3 предлог проекти за кои сум убедена дека ќе бидат од полза на младата популација во Куманово

Почитувани кумановци, Како дел од Советот на општина Куманово, избрана пред сѐ од младите, мојата заложба секогаш ќе е што поголем придонес за подобрување на квалитетот на животот на нашите млади врсници, другари и пријатели од нашата општина.

За таа цел, денес до градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски, доставив 3️⃣ предлог проекти за кои сум убедена дека ќе бидат од полза на младата популација во Куманово, а верувам и дека ќе бидат прифатени и од локалните власти.☑️

➡️ Како прв проект го посочувам 📡Wi – Fi и e – услуга Куманово, а ќе има за цел општината да ги унапреди своите содржини и да понуди повеќе услуги, но и да биде достапна транспарентоста, ефикасноста и ефективноста на општината на јавните претпријатија.

☑️Исто така, се предвидува и поставување на бесплатно ви – фи на 3 локации на општина Куманово, со што младите ќе имаат брз, непречен и бесплатен пристап до информациите. 📲

➡️ Проект 2: 👷‍♂️Реконструирање на амфитеатарот во ,,Спомен Костурница” со 4️⃣0️⃣0️⃣ места.

☑️ Со имплементација на овој проект ќе се овозможи зголемување на атрактивноста на самиот 🏛️амфитеатар, и ќе биде центар за одржување на многубројни традиционални и културни манифестации.

➡️ Како трет проект, предлагам поставување на подвижна и мултифункционална сцена за млади, која ќе биде бесплатно достапна за нашите музичари🎸📯 и уметници од општина Куманово, а со цел збогатување на културниот живот на младите.

☑️ Со овој проект се предвидува и да се заштедат пари💰 од Буџетот на општината, затоа што сцената би се изнајмувала бесплатно за сите настани во иднина.

⚠️Истовремено, се надевам дека овие проекти ќе наидат на позитивен одговор од локалните власти, затоа што младите треба, и мора да се во фокусот и постојано да се работи за подобрување на нивниот живот.

📢Ги повикувам и сите млади од нашата општина да дадат свој проект и идеја со која би се унапредил квалитетот на животот на нашите врсници, а јас ветувам дека жестоко ќе се борам да истите бидат прифатени и реализирани.

Заедно да изградиме поубава општина, пишува на Фејсбук советничката во советот на општина Куманово Невена Величковска.