дома Хроника ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ СЕ ПОЧЕСТИ ЖРТВИ: Прегазен е велосипедист во Скопје!

ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ СЕ ПОЧЕСТИ ЖРТВИ: Прегазен е велосипедист во Скопје!

Во 18,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар “Јане Сандански“ и улица “23-ти Октомври“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од 70-годишниот С.Ѓ. од Скопје удрило во велосипед “РОГ“ управуван од 27-годишниот А.Р. од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил велосипедистот кој со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.