дома Култура ВЕЧЕРВА ЗАБАВА ВО ЧЕСТ НА ЈУРИ ГАГАРИН: Руската амбасада ве повикува на...

ВЕЧЕРВА ЗАБАВА ВО ЧЕСТ НА ЈУРИ ГАГАРИН: Руската амбасада ве повикува на „Yuri’s Night” во хотелот Русија!

Вечерва (11.ти Април) во „Скај-бар“ на хотелот „Русија“ ќе се одржи прослава „Yuri’s Night“ во организација на хотелот „Русија“ со поддршка на Амбасадата на Русија во Република Македонија и почесен конзулат на Русија во Битола.

На 12 април Амбасадата во соработка со општина Карпош организира полагање свежо цвеќе кон споменикот на Јуриј Гагарин (ул. Јуриј Гагарин, наспроти Министерството за економија). Настанот ќе се одржи во 17.30 часот.

Исто така во Скопје на 12 април Скопско астрономско друштво и Kafe “LI” (адреса – Анкарска 23) организираат Ноќта на Јуриј – вселенска забава која тој ден се одржува на бројни локации во светот. Настанот ќе започне во 20.00 часот.